Тажни вести пристигнуваат од Шпанија. 38 годишниот порашенен шпански фудбалер и некогашен играч на Овиедо, Сантиаго Отеро е пронајден мртов во својот стан.

Него го пронашла сопругата која утрото се вратила дома од ноќна смена, а според првите информации причината за несреќата е бизарна. Фудаблерот починал по струен удар кој го предизвикал мобилен телефон кој паднал во када.

Отеро наводно влегол во када и со себе го имал моблниот кој го ставил да се полни. Во еден момент уредот паднал на него у струјниот удар го усмртил несречниот играч. Од болницата потврдиле дека починал струен удар.

Отеро покрај Овиедо каде што ја започнал кариерата, на позицијата напаѓач кариерата подоцна главно ја градел низ шпанските нисколигашки клубови.

Сан пишува дека се уште се чека официјалното соопштение од шпанската полиција и наодот од обдукцијата.