Како што и се очекуваше, поранешниот италијански интернационалец Џsузепе Роси потпиша за МЛС клубот Реал Солт Лејк.

33-годишниот напаѓач во дресот на „Аѕурите“ настапи на 29 напревари на кои постигна седум погодоци. Тој своевремено ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Парма, Виљареал и Фиорентина, но никогаш не го потврди сиот свој потенцијал, поради проблемите со коленото.

Последниот професионален договор Роси го имаше со Џенова, кој  истече во јули во 2018 година.

„Се чувствувам среќе што сум дел од Реал Солт Лејк. Нестрплив сум да заиграм за овој клуб, кој има високи цели оваа година. За мене, МЛС-лигата секоја година расте и е се подобра и подобра“-рече Роси за веб-страницата на клубот.