Некогашниот англиски репрезентативец и поранешен фудбалер на Челзи, Крис Стон ги испофали играчите на својот некогашен клуб, после вчерашната победа над Норич со 7:0.

Екипата на Томас Тухел на Стемфорд Бриџ ја полни мрежата на новакот во лигата. Мејсон Маунт постигна хет трик, а голови постигнаа Калум Хадсон- Одои, Рис Џејмс, Бен Чилвел, а автогол постигна Макс Аронс.

Резултатот е уште поимпресивен ако се знае дека во тимот ги немаше повредените голгетери Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, а дури пет од седумте гола дадоа играчи од академијата на сините.

„Поради тоа верувам дека Челзи ќе ја освои Премиер лигата, нивниот тим е толку силен, а момците од академијата буквално процветаа. Челзи има тим подготвен да се натпреварува на сите нивоа“- изјави Сатон за англиските медиуми.

После оваа победа Челзи сигурно викендот го завршува на првото место, додека Норич е закован на дното со само два бода од девет меча.

Крис Сатон во текот на својата богата кариера играше и за двата клуба.