Легендарниот чешки репрезентативец, Милан Барош конечно ќе ги обеси копачките. Чехот оваа сезона настапуваше за Баника Острава, клуб кој беше воедно и негов матичен.

Тој во кариерата со Ливерпул во 2005.стигна до трофејот во Лигата на шампиони, а успешно ги носеше дресовите и на Астон Вила, Лион и Галатасарај.

„ Сакам да продолжам да игра, но телото не ми го дозволува тоа. Повредата на Ахиловата тетива не ми овозможува да се натпреварувам и понатаму“- истакна Барош.