Поранешнито фудбалер на Челзи Демијан Даф го критикуваше Еден Азар. Белгиецот премина од Челзи во Реал Мадрид во 2019 година за 115 милиони евра. Првиот ден во Мадрид дојде се појави неподготвен со вишок килограми.

Тој откако е во Реал е константно повреден и за две години не му донесе ништо на кралскиот клуб. Ирецот неодамна реши да го критикува поради неговото однесување.

„Азар никогаш не бил професионалец, никогаш немал желба за фудбал како Роналдо и Меси. Тој дојде во Реал Мадрид како Галактикос од 150 милиони евра. Се појави со вишок килограми. Дојде дебел. Не сакам да вперувам прст во играч, но од кога дојде имаше 11 повреди, а да се врати на претходно ниво после 11 повреди и со толку малку натпревари во тек на две години, мораш да биде доста професионален. Наречете го тоа како сакате“– вели Даф.