Алберто Морено во среда со Виљареал против Манчестер Јунајтед ќе игра за трофејот  во Лигата на Европа. Ќе му биде тоа петто европско финале во последните седум години.

„Бев во Севиља и играв финале на Лигата на Европа. Отидов во Ливерпул и повторно играв финале на Лигата на Европа. Сега сум тука со Виљареал… Пред потписот за следниот клуб ќе го ставам тоа во договорот“– кажа Морено, кого го тренира Унаи Емери, истиот тренер со кого во 2014-та годна со Севиља ја освои Лигата на Европа и истиот тренер од кого две години подоцна изгуби во финалето.

Тоа финале е од 2016-та година и поразот од Севиља со 1:3, а тоа што посебно го боли Морено е што многумина него го прогласија за виновник што Ливерпул не славеше.

„Не ги разбирам тие критики. Кај првиот гол ме издриблаа, но тоа е нормално. Дефанзивец сум… Па луѓе поминуваат покрај Рамос, најдобриот стопер на светот, а не покрај мене. До денес не разбирам зошто мене толку ме критикуваа. Мислам дека тоа не е во ред. Целиот тим беше лош, а луѓето криват само еден човек. Тешко. Не можете тоа го исфрлите од глава. Гледате телевизија, читате весници и социјални мрежи и сега исто: Алберто, Алберто. Алберто, Алберто…. Ќе заминам во гроб, а нема да разберам зошто сум толку виновен.“

Критики кон него упати тогаш и легендарниот поранешен шпиц на Ливерпул, Мајкл Овен.

„На ова ниво, кога играте против најдобрите тимови во Европа, не смеете да направите ниту една грешка, а камоли да имате играч кој направи неколку и тоа кардинални, во само едно полувреме. Морено скапо го чинеше Ливерпул“- кажа Овен.

Морено посебно го боли што тренерот Јирген Клоп по тој меч не застанал зад него.

„Тогаш тргна година на агонија, година во која не играв. Мојот однос со Клоп беше одличен и тој заедно со Емери е најдобриот тренер кој сум го имал. Меѓутоа, не застана зад мене, не веруваше во мене и не ми даде шанса. Не знам дали тоа беше негова или одлука наклубот. По финалето со Севиља, на мојата позиција лев бек играше Џејмс Милнер. Ако тренерот таму стави играч од средниот ред и тоа деснак, тогаш е јасно дека сум отпишан. Следната година малку и играв, потоа се повредив и Енди Робертсон одлично ја искористи својата шанса.“

Од Ливерпул се прости по финалето од Лигата на шампионите и победата од 2:0 против Тотенхем. Тој ден ќе го памети по титулата во Лигата на шампионите, но и по смртта на Хозе Антонио Рејес, поранешниот фубалер, кој загина во сообраќајна несреќа.

„Одите на доручек и само мислите на финалето, а потоа слушате страшна вести. Ми беше многу добар пријател. Плачев цел ден, не јадев нишот. Плачев како дете. Клоп дојде да ме утеши и ме праша дали можам да играм. Му реков можам. Иако не зиаграв, се што сакав е да го освоиме тој трофеј за Рејес.“