Адам Лалана кој денес игра за Брајнот, а во текот на сега веќе митското финале на Лигата на шампионите меѓу Реал и Ливерпул во Киев во 2018-та година, беше играч на англискиот шампион.

Влезе во игра откако Салах беше повреден при оној славел дуел со Серхио Рамос, но тоа не беше ден кога успеа на теренот да направи нешто што кон него ќе ги сврти рефлекторите.

Лалана даде изјава за Марка пред реванш дуелот од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид и се присети на финалето меѓу овие два тима. Тврди дека не бил подготвен да заигра, а Клоп го ставил во игра .

„Ми беше ужасно страв. Бев премногу исплашен. Можеви се премногу исплашен пресилно, но кога ќе помислам, мислам дека можам без проблем да кажам дека така се чувствував. Имавма ужасна година поради поредата која ме спречи да фатам натпреварувачки ритам. Туку што се опоравив, одиграв само 15 минути во Премиер лигатса и не бев во форма“– изјави Лалана.

Посебно се осврна на Лука Модриќ како играч од средниот терен против кого му било најтешко да игра, а наведе и пример од тој натпревар кој го потврдува кажаното.

„На никого не можев да му пријдам, а посебно не можев да му пријдам на Модриќ. Само трчав по теренот. Се чувствував ка како некој зајак во кого беа вперени сите рефлектори“- вели Лалана.