Поранешниот португалски репрезентативец Коштиња застана во одбрана на својот поранешен колега од репрезентацијата Кристијано Роналдо.

Коштиња испрати порака за „хејтерите“ на Роналдо, кои мора да ги има со оглед на неговата популарност.

„ Не можете да не го сакате Роналдо. Може да го мразите бидејќи сте љубоморни. Тој е скромен дечко и среќен сум поради неговите успеси. Го гледав како станува најдобар и затоа што е Португалец, многу сум горд на него“- изјави поранешниот фудбалер на Порто.