Според „Скај Спорт Италија“ раководството на СПАЛ, го отпушти трнерот Леонардо Семпличи по вчерашниот пораз од Сасуоло на домашен терен.

На негово место ќе седне поранешниот селектор на младата селекција на Италија, Џиџи Ди Биаџо кој потпиша договор до крајот на сезоната и ќе се обиде да обезбеди опстанок во Серија А со овој клуб.

Спал по 23.кола има само четири побед и 15 поени со кои се наоѓа на последната позиција на табелата и ги очекува исклучително тешка битка за опстанок.