Џорџо Галанти, поранешниот шеф на медицина, во оделот за спортски развој на Фиорентина доби казна затвор од една година, поради негрижа и неправилен третман по здравствената состојба на Давиде Астори.

Поранешниот капитен на Фиорентина почина во сон на 4 март 2018 година, во пресрет на дуелот Удинезе – Фиорентина во Серија А.

Според „Газета Дело Спорт“, Галанти потпишал погрешна дијагноза и дозволил Астори да се бави со спорт кога бил отпуштен од блоница на 10 јули 2017 година.

Обвинителот Антонио Настаси побарал казна од затвор од година и по, за Галанти кој на крајот добил една година зад решетки.