Макси Лопез се враќа во Италија, ќе игра за тимот на Кротоне кој настапува во Серија Б, потврди клубот.

Аргентинецот потпишал договор на две години, доаѓа од тимот на Васко де Гама од Бразил каде настапуваше минатата сезона.

Лопез во Италија играше за шест различни клубови, најсилен впечаток остави во Катанија каде се задржа од 2010 до 2014 година. Настапуваше уште за Милан, Сампдорија, Киево, Торино и Удинезе.

Во 2013 година се разведе од Ванда Нара кој беше во тајна врска со Мауро Икарди, тогаш негов соиграч во Самдорија.

Ванда е сегашна сопруга на Икарди и менаџер на Аргентинецот.