Поранешниот тренер на Дарко Чурлинов, Ахим Бајерлорцер, по отказот во Келн веднаш најде нов ангажман, сега ќе биде тренер на Мајнц.

Ахим Бајерлорцер поради слабите резултати со Келн доби отказ од „јарците“ но веднаш најде нов клуб, ќе биде дел од Мајнц.

Интересно е тоа што Бајерлорцер најде нов ангажман само девет дена по потказот од Келн. Германскиот тренер не веруваше премногу во Дарко Чурлинов и за тоа претрпе многу критики од навивачите на на овој тим од Бундеслигата.