Поранешниот тренер на Милан, Лацио, Интер и Јувентус, Алберто Закерони, смета дека Ромелу Лукаку лесно би можел да ја добие златната топка оваа година.

„Мислам дека таа награда треба да оди кај играчот кој прави разлика, техничка и физичка, тоа се најважните карактеристики. Искрено, не би ме изненадило да ја добие Лукаку“– вели Закерони за Тутоспорт.

„Прави неверојатни работи откако дојде во Интер. Во Италија нема играч кој прави разлика како тој, освен можеби Кеси, кој е несоприлив кога ќе ја земе топката“– смета Закерони.

Лукаку оваа сезона во 24 настапи во Серија А постигна 18 гола со седум асистенции, а во осум средби од Лигата на шампионите и купот на Италија беше стрелец уште шест пати.