Некогашниот тренер на Милан, Алберто Закерони, верува дека Росонерите играат најубав фудбал во Италија во моментов, но пофално говореше и за одредени играчи.

„Пиоли како тренер работи одлично во Милан. Ентузијазмот се стекнува гледајќи напред, не со заостанување. Милан има нешто повеќе од останатите противници, можеби нема најдобар тим, но играат најубав фудбал во Серија А, поубав и од Интер“– вели Закерони.

Милан најмалку четири недели ќе бидат без Златан Ибрахимовиќ, кој е повреден. Закерони говореше и кој може да го замени.

„Магичен е и незаменлив, но Пиоли створи тим кој може да функционира и без него. Мораат да бараат длабочина и да се потпрат на инстиктот на Леао и да ја користат брзината на Тео Хернандез. Исто така, тука е и Анте Ребиќ, кој го следам уште додека играше во Ајнтрахт и можам да кажам дека добро се снаоѓа на сите позиции во офанзивата, така што може одлично да го замени Ибрахимовиќ“– вели Закерони.