Специјализираниот портал „Transfermarkt“ направи корекции во проценките на вредностите на некои од фудбалерите.

Така, порасна вредноста на шведскиот фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски, кој сега е проценет на 35 милиони евра, а порасна и цената на бисерот на Борусија, Ерлинг Халанд, кој сега вреди неверојатни 60 милиони евра.

За цели 15 милиони евра порасна и цената на играчот за врска на Баерн, Алфонсо Девис, кој сега вреди 40 милиони евра. Напаѓачот на Реал Сосиедад, Александар Исак, сега вреди цели 25 милиони евра.

Затоа, пак, падна цената на напаѓачот на Херта, Кжиштоф Пјонтек, кој загуби 5 милиони евра и сега вреди 27 милиони. Падна и цената на играчот за врска на Милан, Сусо, кој вредеше 30, а сега само 22 милиони евра.

Играчот на Севиља Евер Банега вредеше 15, а сега 9 милиони евра, додека дефанзивецот на Милан загуби 3 милиони и сега вреди само 7 милиони евра.