Откако на неверојатен начин и ја одзеде титулата во првенството, Порто ја дотолчи Бенфика совладувајќи ја синоќа со 2-1 во финалето на португалскиот Куп.

Порто речиси еден час го играше финалето во Коимбра со играч помалку поради исклучувањето на Диаз, но Бенфика не успеа да ја капитализира бројчаната предност.

Човек на одлука беше Мбембе кој од 47 до 59 минута постигна два гола.

 

Бенфика до крајот успеа само да ја преполови негативата преку Винициус од пенал во 84 минута.

Со тоа, Бенфика на неверојатен начин ја заврши сезоната  без ниту еден трофеј , иако во февруари во пресрет на големото дерби во Порто имаше дури седум добови предност во првенството.

Порто го доби дербито  3-2 со гол во судиското продолжение, а  Бенфика се распадна и доби само еден од следните девет натпреари во сите натпреварувања.