По вчерашните сензационални порази на Реал и на Барселона во четвртфиналето на шпанскиот Куп, ќе се случи вистинска реткост – во полуфиналето на Купот ќе нема ниту еден од големата тројка: Реал, Барселона и Атлетико Мадрид.

Ова последен пат се случи пред 17 години, односно во сезона 2002/2003.

Атлетико Мадрид загуби уште во 1/16, додека Реал и Барселона во четврт-финалето.

Во полуфиналето на Кралскиот шпански Куп пласман обезбедија: Гранада, Атлетик Билбао, Мирандес и Реал Сосиедад.