Милан и Јувентус одиграа нерешено на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, 1:1. Милан имаше водство до 91. минута, но не успеа да победи, поради голот на Роналдо од пенал.

Сепак, Милан прекина една црна серија од 9 едноподруго порази против Јувентус во сите натпреварувања, на кои клубот од Торино има и огромна позитивна гол-разлика од 19:5.

Последен пат Милан не загуби од Јувентус во декември 2016 година на средбата од Суперкупот на Италија, 1:1.