Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе претрпи сериозни измени во ростерот но и на менаџерската функција.

Шпанска „Марка“ пренесува дека пресметката со Виљареал закажана за викендов по која ќе биде познато дали Реал Мадрид ќе ја освои титулата во Ла Лига ќе биде последна во „Кралскиот“ дрес за неколкумина првотимци како што се Серхио Рамос, Рафаел Варан, Марсело, Иско и Лукас Васкез.

Големи се шансите и Зидан за последен пат да го предводи Реал Мадрид по најавата дека е подготвен за промена, а Алегри е издвоен како најголем фаворит за менаџерската позиција.

Во последното коло Атлетико Мадрид гостува кај Ваљадолид, ако тимот на Симеоне загуби а Реал Мадрид ја победи „Жолтата подморница“, „Кралевите“ ќе ја освојат титулата во Ла Лига.