Манчестер Јунајтед попладнево (18-30час.) му гостува на Тотенхем, дерби во Премиерлигата од 10 коло.

Исклучително важен меч за Оле Гунар Солскјер, со пораз извесно е дека од утре нема да биде повеќе тренер на клубот од Манчестер.

Причина за притисокот е поразот минатото коло од Ливерпул со 5-0, нов неуспех ќе значи крај за Норвежанецот на клупата на Јунајтед.

Дека е многу сериозна ситуацијата во Јунајтед говори и капитенот Хари Мегваер, тешка недела е зад целиот тим, тренерот, на ред е тежок натпревар со Тотнем.

„Цела недела не спијам, ова беше тешка недела за мене, за тренерот, за сите во екипата и клубот. Доаѓаш дома и не спиеш, тешко е по оној пораз. Се надевам дека сите погледнале во огледало како и јас, секој треба да ја побара вината во самиот себе,  сега сме исправени пред нов предизвик, се надевам дека ќе излеземе од кризата“ – изјави Мегваер.

Јунајтед има тежок распоред, а притисокот е голем.