Вардар е домаќин на Беласица во дуел на двете последнопласирани екипи во ПМФЛ.

Беласица е „закована“ на дното, а Вардар уште има шанси да избега од 11.место кое води бегство од  директно испаѓање во Втора лига.

Последен пат Вардар победи на 16 декември 2020 година и тоа токму против Беласица и тоа на гости со 3:0. И во првиот меч сезонава, Вардар славеше над струмичани и тоа со 3:1 во Скопје.

Ова се тешки времиња за најтрофејниот македонски клуб , кој се нема израдувано на победа од почетокот на 2021.година но денес мора да тргне во освојување на сите три бода против Беласица доколку не сака да го снајде најлошото сценарио.

Во останатите мечеви кои се играат денеска: Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум, Пелистер – Ренова и Шкупи – Работнички.