Фудбалерите на Пескара на средбата од 28. коло на Серија „Б“ излегоа со маски на лицето, како заштита од коронавирусот. Такво решение донесе раководството на клубот.

Загрижени за здравјето на нашите фудбалери, излеговме да играме со маски на лицето, кои ќе ги извадиме само ако тоа го побараат судиите, бидејќи правилата не го дозволуваат тоа“, се вели во соопштението на Пескара.

Сепак гостинскиот тим беше принуден да ги извади маските.

Средбата се одигра пред празни трибини, а заврши со победа на домашниата екипа, Беневенто, со резултат 4:0.