Директорот на Наполи, Кристиано Џунтоли одговори на повеќе прашања поврзани со иднината на дел од играчите на тимот, поконкретно со иднината на Мертес, Милик, Руиз и Кулибали.

Мертенс потпишал нов договор, преговорите со Каљехон се во тек, што се однесува до Фабиан Руиз (кој се поврзува со трансфер во Барселона), коментар немаше. Ова го посочи Џунтоли во изјава за Скај Спортс.

Тој посочи дека клубот лесно ќе се справи доколку Милик си замине додека Кулибали има цена а таа е 120 а не 90 милиони евра.

„Ако Милик одлучи да си замине, ќе се активираме на трансфер пазарот и ќе бидеме добро. Кулибали е наш играч, има цена од 120 милиони евра и сеуште е под договор со нас. Ние немаме намера да се позиционираме во однос на кризата, некои работи остануваат непроменети.“ – изјави Џунтоли.

За Кулибали интерес има од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Реал Мадрид.