Најавениот рестарт во ПМФЛ најверојатно одново ќе биде одложен откако тестирањето во ФК Шкендија и во ФК Ренова потврди дека шестмина се заразени со коронавирусот.

Ова го соопштија од Синдикатот на фудбалери на Македонија кој заедно со Аџибадем Систина ги реализираше тестирањата кај прволигашите во пресрет на дозволата за тренинг.

„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаи. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа, но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на ФК Ренова и двајца во таборот на ФК Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига.“ – соопштија од Синдикатот на фудбалери на Македонија.