Аталанта-Валесија, корона натпревар. Вака италијанските медиуми го оценуваат овој натпревар откако во медиумите одекна изјавата на градоначалникот на Бергамо, натпреварот бил „биолошка бомба“.

Џорџо Гори изјави дека сите над 40.000 навивачи кои присуствувале на натпреварот кој се одржа на 19 февруари во Милано се заразени со новиот коронавирус.

„Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше на 23 февруари. Ако вирусот циркулираше, тогаш 40.000 навивачи на стадионот Сан Сиро биле инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е помеѓу нас. Голем број го гледаа натпреварот во групи и имаше многу контакти помеѓу нив. Вирусот се пренесува од еден на друго.“- посочи Гори.

Токму Бергамо е еден од најтешко погодените италијански градови од новиот коронавирус. Валенсија еден месец по одигрувањето на овој натпревар потврди дека 35 проценти од екипата биле позитивни на Ковид-19.