Борусија Дортмунд ја одреди цената за својата млада ѕвезда, Џуд Белингем, кој ја воодушеви фудбалска Европа на стартот од оваа сезона и со тоа го привлече вниманието на најголемите фудбалски клубови во Европа.

Тој на само 18 години дебитираше за Англија на ЕУРО 2020, а е во радарот на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои подготвуваат понуди за одличниот фудбалер, а сега е објавена и сумата која ќе треба да ја платат за да го добијат.

Весникот „Билд“ пишува дека Борусија Дортмунд одлучи да не ги разгледува понудите кои ќе бидат помали од 120 милиони евра, што би претставувало неверојатна заработка за „милионерите“.

Минатата година Белингем пристигна во Борусија за 25 милиони евра и потпиша договор со 2025 година, а доколку си замине идната година заработката на „милионерите“ би изнесувала речиси 100 милиони евра.