Турскиот интернационалец и фудбалер на Јувентус, Мерих Демирал се врати на тренинзите, за прв пат по повредата на коленото, која ја заработи во јануари.

Дефанзивецот го скина предниот  лигамент на 12 јануари и се очекуваше да го пропушти остатокот од сезоната, но поради прекинот на првеството тој ќе се врати на терените во продолжението од Серија А.

Индивидуалните програми за тренинзи на играчите на Јувентус, продолжуваат. На тренинзите се појавија  Бентанкур, Бернардески, Бонучи, Буфон, Киелини, Куадрадо, Де Скиглио, Дибала, , Пјаниќ, Ремзи и Ругани. Денес се врати и  Демирал. Мерих,  продолжува со својата рехабилитација во медицинскиот центар, но исто така денес се врати на терените“ – се вели во клупската изјава.