Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, наводно, ќе биде подготвен за натпреварите во Серија А, против Лацио и Јувентус.

38-годишниот фудбалер се здоби со повреда на зглобот минатата седмица на еден од тренинзите, но за среќа Швеѓанецот брзо се рехабилитираше и покрај најавите дека го очекува долга пауза.

По новите тестови вчера „Кориере дело Спорт“, открива дека Швеѓанецот треба да се врати навреме за двата дерби натпревари на почетокот од јули.

Милан на 4.јули гостува на „Олимпико“ кај Лацио, додека три дена подоцна се домаќини на Јувентус. И покрај најавите дека може  да се врати за реванш мечот против Јувентус во Копа Италија, сепак, тоа нема да се случи. Овој меч се игра на 12.јуни, а првиот натпревар на „Сан Сиро“ заврши 1-1.