Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека Маркус Рашфорд ќе биде надвор од терените уште неколку месеци.

Англискиот репрезентативец го повреди грбот во мечот против Вулверхемтон во рамки на третото коло од ФА Купот. Маркус се очекува да паузира уште најмалку три месеци што е далеку повеќе од првичните прогнози.

„Се надевам дека ќе се врати до крајот на сезоната. Ја следиме неговата ситуација. Мислев дека побрзо ќе се опорави, но за жал закрепнувањето оди тешко. Ако не биде подготвен нема да настапи на Европското првенство“-изјави Норвежанецот.