Шефот на лекарскиот тим на Лацио, Иво Пулчини потври дека повредата на Сергеј Милинковиќ Савиќ не е од сериозен карактер како што се најавуваше и тој ќе биде подготвен за најавениот рестарт во Серија А.

Вчера медиумите од Италија тврдеа дека последните прегледи и снимки потврдиле дека Савиќ има посериозна повредата и ќе мора подолго време да паузира.

„Се е во ред, се видов со него утрово. Вие новинарите заслужување аплауз, но некогаш пишувате премногу работи без истите да бидат потврдени. Милинковиќ ќе биде подготвен за рестартот во Серија А.“ – изјави Пулчини.

Лацио во воведното коло од рестартот на сезоната во Италија ќе се соочуи со Аталанта на 24 јуни.