Последните прегледи покажале дека Миралем Пјаниќ избегнал посериозна повреда и ќе биде во составот на Сари за пресметката со Лион во Лигата на шампионите следната недела.

Босанецот беше повлечен од игра на дуелот со Бреша овој викенд откако доби шанса од клупата за резерви но поради повреда мораше пред време да го напушти теренот. Тој мина само седум минути на игралиштето а првичните прогнози беа неповолни за фановите на „Старата Дама“.

Според најновото соопштение на Јувентус, Пјаниќ нема да игра викендов против Спал но ќе биде подготвен за пресметката со Лион од осминафиналето во ЛШ. Предходно беше само објасното дека станува збор за повреда која бара дополнителни прегледи.