Зинедин Зидан ќе може да смета на Еден Азар за големото дерби против Барселона во Ла лига откако денеска било утврдено дека повредата не е од сериозен карактер.

Азар вчера го повреди зглобот во дуелот со ПСЖ кој заврши 2:2 во 5 коло од Лигата на шампионите. Првичните прогнози беа дека ќе мора да паузира најмалку еден месец.

По денешните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда која ќе го оддалечи белгиецот 10 дена од составот на Реал Мадрид.

Популарното „Ел Класико“ е закажано за 18 декември.