Роџер Федерер, кој се опоравува од повеќе операции на коленото, изјави дека нема да игра на Австралија Опен и дека е малку веројатно да се врати на турнирите пред средината на следната година.

„Морам да бидам трпелив и да си дадам време коленото да се залечи. Следните неколку месеци ќе бидат клучни“– изјави Федерер за Ле Матин.

Напоменува и дека би бил многу изненаден на Вимблдон, турнирот кој го има освоено осум пати, а последен пат во 2017-та година.

Федерер додаде дека во јануари би можел да почне со трчање, а во март или април со тренинзи на тенискиот терен.

Последен Гренд Слем кој го освои Роџер Федерер е Австралија Опен во 2018-та година, кога во финалето го совлада Марин Чилиќ.

„Мојот живот нема да се сруши ако веќе не играм во финале на Гренд Слем турнир. Но, верувам дека ќе се врата, јас верувам во такви чуда.“