Јувентус планира да го продаде играчот за врска Арон Ремзи во текот на претстојното лето, пишува Tuttosport.

Велшанецот дојде во Јувентус во февруари 2019 година како слободен агент.  Одигра 19 натпревари за клубот во сите натпреварувања и постигна два гола.

Сега Јувентус ќе го продава. Колку и да го продаде ќе биде чиста добивка, бидејќи за него не плати ништо. Проблем може да биде само платата која ја добива Велшанецот од Јувентус, 400 000 евра неделно, сума од која ретко кој би се откажал.