Бразилскиот фудбалер Нејмар според информациите од Шпанија наводно е поблиску до трансфер во Реал Мадрид.

Сепак, голема пречка која го попречува трансферот на Нејмар во Реал е тренерот на овој клуб, Зинедин Зидан.

Има многу причини поради кои Перез го сака Бразилецот, а еден од нив е се разбира популарноста и парите кои ќе дојдат со него.

Зидан од другата страна смета дека Нејмар не може да игра за шпанскиот гигант, најмногу поради својот карактер.

Шпанските медиуми пишвуаат дека Перез ќе испрати понуда за Нејмар иако тоа не му се допаѓа на Зидан.

Од другата страна, доколку се договорат, повторно Зидан ќе го има последниот збор околу трансферот, бидејќи тоа е договорот на него и Перез од моментот кога повторно ја превзеде тренерската позиција во шпанскиот фудбалски клуб