Претседателот на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Флорентино Перес никако да го остави Зинедин Зидан сам да си ги врши работите кога станува збор за трансферите на фудбалерите.

Според информациите на шпанските медиуми Французинот повторно е лут на Перез затоа што првиот човек на клубот зад неговиот грб го договорил трансферот на Дони ван де Бек од Ајакс.

Младиот Холанѓанец не е по меракот на Зидан кој упорно инсистира да го доведе Пол Погба во Реал Мадрид.

Мадридските весници „АС“ и „Марка“ се обидуваат да ја смират тензијата со информација дека трансферот на Ван де Бек нема да биде проблем во преговорите за Пол Погба, но Реал Мадрид  има само уште една недела да го донесе францускиот репрезентативец за кого Јунајтед не отстапува од бараните 180 милиони евра.