По не толку успешните позајмици во Шалке и Бенфика, стоперот Жан Клер Тодибо конечно во својата трета позајмица во Ница успеа да се скраси. Тој одлично се вклопи во тимот од Азурниот брег, каде е позајмен од Барсеолна. А со своите последни изјави даде до знаење дека сака да остане каде што е сега и не планира враќање во Каталонија.

„Воопшто не ме интересира што се случува во Барселона. Повремено гледам некој натпревар ако играат моите француски пријатели како Дембеле, Ленгле или Умтити, но Барселона како клуб не ја следам. Моментално сум играч на Ница и целосно сум фокусиран на случувањата во Франција. Зошто би сонувал за одбраната на Барса, кога викендите играм против Рен или Ним?“– запраша Тодибо на последната прес конференција на својот клуб.

Новинарите му поставија неколку прашања, а најинтересно беше за тоа дали Барселона може да се врати против ПСЖ, после поразот од 4:1 во првиот меч од осминафиналите на Лигата на шампионите.

„Искрено, воопшто не ме интересира. Или ќе успеат или не, тоа не е мој проблем. Не знам дали луѓето сфаќаат што мислам кога го кажувам тоа, но тоа е мојот став“– кажа Тодибо.