Барселона потврди дека девет фудбалети од првиот тим не се на списокот на лица кои утре ќе заминат за Лисабон каде ги очекува дуелот со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Коронавирусот направи проблем, но според протоколите за заштита од коронавирусот има решение.

Еден од деветмината играчи кои денеска требаше да ги започнат подготовките за новата сезона е позитивен на тестот за Ковид-19.

Тој останува дома во изолација, а затоа што немал контакти со играчите кои утре ќе заминат за Лисабон опасност од одложување на пресметката со Баерн Минхен нема.