УЕФА денеска објави дека на мечот од Суперкупот на Европа меѓу Челзи и Виљареал ќе може да присуствуваат 13.000 фанови.

Дуелот на победниците од двете најсилни европски натпреварувања од минатата сезона ќе се одржи на 11 август во Белфаст, Северна Ирска. Навивачите можат да се регистрираат за влезници од втори август, а услов за влез на стадионот ќе биде негативен ПЦР или брз тест.

Што се однесува до странските фанови кои сакаат да го следат мечот во живо, УЕФА нагласува дека мораат да се придржуваат до актуелните мерки на локалните власти кои се однесуваат за гостите од странство.