Претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас истакна дека реваншот меѓу Јувентус и Лион од осминафиналето од Лигата на шампионите на УЕВА можно е да се игра на 7 август.

„Натпреварот со Јувентус ќе се игра на 7 август, во Торино без навивачи.“ – посочи Мишел за РТЛ Франција.

Тој објасни дека Лион побарал сезоната во Лига 1 да не биде поништена но не успеале во својата намера.

Лион победи на првиот натпревар против Јувентус со 1:0 и со ова си ги задржи шансите за пласман во четвртфиналето од ЛШ.