Рускиот фудбалски сојуз соопшти дека руската Премиер лига ќе продолжи од 21 јуни, а сезоната треба да заврши до 22 јули.

„Драго ми е што ја продолжуваме сезоната, а тоа според сегашните проценки ќе биде во последната седмица на јуни. Ова ќе им овозможи на сите играчи да се подготват за враќање на терените и да ја доиграат сезоната за кратко, но и разумно време. Имаме многу работа, како што се враќање на фудбалери и тренери од странство и подготовки за натпреварите во тешки услови. Ќе дадеме се од себе за да биде безбедност на сите страни. За жал, преостанатите натпревари ќе се одржат без гледачи – ограничувањата за одржување на масовни настани остануваат на сила“ -рече претседателот Сергеј Прајдинки.

Финалето од Купот на Русија, е закажано да се одигра на 25 јули.