Коронавирусот е далеку под контрола во Турција, но тамошната Фудбалска федерација одлучи сезоната да продолжи на 12. јуни.

Федерацијата им препорача на клубовите да започнат со подготовки, а првентсвото ќе продолжи од 12.јуни, додека турскиот Куп ќе продолжи од 16. и 18.јуни, кога на програмата се полуфиналните средби. Во едниот полуфинален меч играат Фенербахче и Трабзон, додека втората пресметка ја сочинуваат Аланија и Анталиспорт.

„ Како што ФИФА и УЕФА нагласуваа, потребно е да се потврдат тимовите кои испаѓаат преку резултатите на терен. Постигнавме консензус да ја завршиме сезоната“-стои во соопштението на федерацијата.