Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, го направи планот за старт на следната сезона од најсилната шпанска фудбалска конкуренција.

Шпанците оваа сезона по паузата од Коронавирусот ќе ја продолжат на 11.јуни, додека новата натпреварувачка сезона ќе започне на 12. септември. И во новата сезона место за навивачите на стадионите нема да има.

Барселона во пресрет на продолжението од оваа сезона е лидер во Шпанија со 58 бода, додека Реал Мадрид има два поени негатива, односно 56.