Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино од ноември е без ангажман, а според спортскиот весник „Рекорд“, тој од наредната сезона ќе седне на клупата од Бенфика.

Аргентинецот со Тотенхем минатата сезона оствари историски резултат со влезот во финалето од Лигата на шампиони каде загубија од Ливерпул.

За него изминатите месеци интерес пројавија голем број на европски гиганти и тоа пред се од Англија и Шпанија, а најсериозни во намерата да го доведат беа Манчестер Јунајтед и Њукасл.