Јулијан Нагелсман веќе го доби својот наследник на тренерската функција во Лајпциг, а станува збор за американскиот тренер, Хесе Марш.

Како што велат германските медиуми, соработката веќе е потпишана од обете страни, иако за тоа се уште официјално не се огласија од клубот.

Инаку смената на тренерската позиција, следува откако стана јасно дека Нагелсман ќе биде новиот предводник на Баерн Минхен од следната сезона, заменувајќи го Ханси Флик.

Инаку, Марш досега ги предводеше екипите на Монтреал и Њујорк Ред Бул, а во Лајпциг беше помошник тренер.Исто така, тој во моментов е дел од Салцбург со кого изминатата година ја освои и шампионската титула во тамошното првенство.