Потврдено е дека Кристијано Роналдо ги преместил своите автомобили, надвор од Торино, но причината за ова не е најавениот трансфер и заминување од Италија.

Според медиумите од „Апенините“, Роналдо се одлучил за ваков чекор, поради праксата која ја прави секоја година, односно ги праќа своите автомобили на редовен годишен сервис во Германија.

Ова го правел секоја година пред да почнат летните одомори, што значи дека основната причина не е дека се подготвува да го напушти Јувентус.

Роналдо секојдневно се поврзува со трансфер во ПСЖ, Манчестер Јунајтед и евентуален кам-бек во Реал Мадрид но за ова се уште нема официјална потврда.

Од Јувентус пак уверуваат дека ќе го имаат во составот и за следната сезона.