Реал Мадрид со едноминутно молчење на денешниот тренинг се прости од братот на нивниот прв тренер Зинедин Зидан.

Фарид Зидан починал денеска на 54 години по кусо боледување од рак. Зидан во петокот беше ослободен од обврски во Реал Мадрид а неговиот син, Лука кој неодамна се пресели во Сантандер на позајмица исто така добил дозвола од новиот клуб да замине и да биде со неговото семејство во овие тешки мигови.

Според последните информации, Фарид Зидан починал опкружен од неговите најблиски ова утро во болницата каде бил хоспитализиран.