Болеста на еден од тројцата браќа е причината поради која Зинедин Зидан  ненадејно и драматично ги напушти   подготовките на Реал Мадрид  од Канада.

Само четери дена по пристигнувањето во Монтреал, Зинедин Зидан го напушти тренинг кампот на Реал  и мораше итно да се врати во Мадрид поради сериозна болест на еден од браќата, тој има тројца браќа  и една сестра.

Официјална потврда за ова нема, но клубот потврди дека отсуството на Зидан од подготовките е поради „приватни причини“.