Навивачот, кој доживеа срцев удар за време на фудбалскиот натпревар од Премиер лигата помеѓу Њукасл и Тотенхем, е во стабилна состојба, објави вечерва домашниот клуб.

Њукасл во изјавата додаде дека е на пат кон болница а мислите на сите во клубот се со него и неговото семејство.

Натпреварот од осмото коло во Премиер лигата беше прекинат во 40. минута, откако навивачот  доживеа срцев удар на трибините.

Судијата Андре Маринер ги испрати играчите во соблекувалната, а натпреварот продолжи по дваесетина минути, откако навивачот беше изнесен од стадионот на носилки.