Анте Ребиќ беше заменет поради повреда на левиот скочен зглоб во 36. минута од вчерашниот натпревар Милан – Верона (3: 2), а по деталните прегледи, позната е сериозноста на повредата.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли конечно доби добра вест од здравствениот билтен бидејќи денешните тестови на кои беше подложен Ребиќ не покажаа никакви оштетување на лигаментите.

Така, Ребиќ би можел да игра во вторник во Порто во Лигата на шампионите. Тоа е клучен натпревар за Милан. По два воведни порази во групата, му треба победа за да остане во игра за пласман во нокаут фазата.

Синоќа, Ребиќ стана деветиот повреден играч на Милан, по Тео Ернандез, Брахим Дијаз, Мајк Мењан, Жуниор Месијас, Тимуе Бакајоко, Алесандро Флоренци и Алесандро Плицари.